Најави

Најнови Вести


Имате право...
www.gg.org.mk





 
14.7.2008  Известување
НОВАТА ВЕБ СТРАНИЦА НА КОМИСИЈАТА АКТИВНА И ДОСТАПНА
По завршените технички формалности, новата веб страница на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер е во функција и е достапна на адресата www.komspi.mk
Со оглед на годишните одмори и неможноста службените лица на имателите на информации од јавен интерес поединечно да бидат известени за оваа новина, Ве информираме дека извесен период ќе егзистираат двете веб страници на Комисијата, односно дека во функција ќе биде и досегашната веб страна www.sinf.gov.mk
Комисијата, исто така, информира дека уште извесно време заради одржување на континуитет во комуникацијата во функција ќе биде досегашната е-маил адреса sinf@sinf.gov.mk За новата официјална е-маил адреса на Комисијата благовремено ќе бидете известени.

14.7.2008  ЗСПИЈК во праксата
ИЗВЕШТАЈ НА ХЕЛСИНШКИОТ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Извештајот за состојбата со човековите права во Република Македонија за месец јуни 2008 година, подготвен од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, покрај другото, содржи и дел посветен на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер во праксата. Во продолжение интегрално е пренесен делот од Извештајот, содржан во подзаглавието “Повреди на економските и социјалните права “ (Случај Небојша Арсовски и Здружението на Хрвати од Република Македонија).

3.7.2008  Работилница за искуствата од примената на ЗСПИЈК
ЗСПИЈК-СВОЕВИДЕН БУКВАР НА СЛОБОДАТА И ДЕМОКРАТИЈАТА
Во скопскиот хотел “Холидеј ин“ на 2 јули 2008 година во организација на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, се одржа еднодневна Работилница за искуствата од досегашната примена на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Претседателот на Комисијата Јанко Николовски пред 50–тина присутни учесници во својство на службени лица од различни институции од Република Македонија, изрази посебна благодарност до амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија, Andrew Key, со чија поддршка се одржа и Работилницата, како дел од обемниот проект „Техничка помош и подигнување на свеста за поддршка на примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“ и до министерот за правда на Република Македонија Михајло Маневски, во чиј мандат почна примената на Законот за СПИЈК.
Во обраќањето, Николовски истакна дека Законот за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, претставува своевиден буквар на слободата и демократијата во Република Македонија...


3.7.2008  Работилница
ПРОМОВИРАНИ НОВАТА ВЕБ-СТРАНИЦА И ПРИРАЧНИК ЗА СПИЈК
Во рамките на еднодневната Работилница за искуствата од досегашната примена на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер што се одржа во хотелот “Холидеј ин“ беа промовирани новата веб страница на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, како и прирачникот- публикација „Информациите од јавен карактер се за давање, а не за чување“. Нивната подготвка и реализација беше овозможена со финасиска поддршка на Амбасадата на Велика Британија во Република Македонија, како дел од обемниот проект „Техничка помош и подигнување на свеста за поддршка на примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“.

30.6.2008  Имплементација на законот за СПИЈК
ОБУКА ЗА ЛИЦАТА ОДГОВОРНИ ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ СО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Во периодот од 8 април до 27 јуни 2008 година во просториите на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер се одржаа поодделни дводневни обуки за вкупно 20 групи лица одговорни за посредување со информации од јавен карактер. Со оваа обука беа опфатени службените лица задолжени за посредување со информациите од јавен карактер од органите на државната администрација, јавните претпријатија и установи, судската власт, здравствените установи, правните и физичките лица кои вршат јавни овластувања, политичките партии, како и образовните институции од градот Скопје. Наесен, по завршувањето на годишните одмори, се планира да биде организирана обука за уште 30 групи службени лица кај имателите на информации од јавен карактер на територијата на целата држава, со што вкупната бројка на лицата кои ја минале оваа школа ќе достигне околу илјада.

почеток
назад
напред
крај

 
Сектор за европска интеграција
Совет на Европа-медиуми
УНЕСКО
ОБСЕ
ФРАНКОФОНИЈА
Пакт за стабилност
Извештаи од ОБСЕ
 
Сите права се задржани